„Вашингтон пост“ објави прирачник за оние кои сакаат да ја напуштат земјата по победата на Доналд Трамп.

Според шефот на компанијата „Експати“, која е специјализирана за помагање на луѓето кои живеат во странство, откако Трамп победи на изборите, посетите на страницата го урнале месечниот рекорд и за само неколку дена достигнале повеќемесечен интерес.

Најпопуларните дестинации се Канада, Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд и Ирска. Односно, тоа се земји каде што официјален јазик е англискиот.

Во написот се нагласува дека, сепак, да се стане емигрант може да биде тешко и скапо.

Понудена е и опцијата за јахта која за „бегалците“ од Трамп е многу поегзотична. Тоа е можноста за четиригодишно крстарење низ светот за оние кои сакаат да ги напуштат САД за време на претседателствувањето на Доналд Трамп. Кабина на бродот за крстарење „Villa Vie Odyssey“ ќе чини најмалку 266 илјади долари.

Се наведува дека незадоволните од Трамп за време на крстарењето ќе можат да посетат 140 земји.

Не е прецизирано дали крузерот ќе се врати во САД ако, на пример, Џеј Ди Венс победи на следните избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.