Претседателот на САД Џо Бајден неодамна одобрил строго доверлив план за нуклеарна стратегија кој што наведува нуклеарно задржување на Кина со цел да се спречи проширувањето на нуклеарниот арсенал на Пекинг, соопшто синоќа весникот „Њујорк тајмс“.
Бајден исто така наредил американските сили да бидат спремни за можни координирани нуклеарни напади од Русија, Кина и Северна Кореја.
Брзото проширување на кинеските нуклеарни сили во следната деценија би можело да парира на оние на САД и на Русија.
Белата куќа никогаш официјално немаше соопштено дека Бајден одобрил ревидирана стратегија, позната како „Водич за употреба на нуклеарно оружје“, се наведува во статијата на весникот. Недоверливо известување за ревидирањето на стратегијата се очекува да биде испратено до Конгресот пред Бајден да ја напушти функцијата.
Во неодамнешни јавни настапи на двајца високи претставници на администрацијата им беше дозволено индиректно да го споменат ревидирањето на стратегијата, соопшти весникот. Стратегијата се ажурира отприлика на секои четири години. Оваа администрација, како и четирите претходни, го објави Прегледот на нуклеарната политика и Водичот за планирање на употреба на нуклеарно оружје, рече Шон Савет, претставник на Белата куќа,.
-Иако конкретниот текст на Водичот е доверлив, неговото постоење не е тајна. Водичот, издаден на почетокот на годинава, не е одговор на некое конкретно лице, земја или закана, додаде Савет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.