Индонезија донесе одлука новиот главен град на земјата, што ќе се наоѓа на југостиокот на островот Калимантан, да го носи името Нусантара, што значи архипелаг.

Добив директна потврда од претседателот (Џоко Видодо) кој и кажа дека новата престолнина ќе се вика Нусантара – соопшти индонезискиот министер за планирање на национланиот развој, Сухарсо Моноарфа, на седница на владата за преселување на главниот град, пренесе Си-Ен-Ен..

Според зборовите на министерот, причина за таквата одлука е што терминот Нусантара е познато долго време.

Тој поим го опишува нашиот архипелаг на Република Индонезија – додава Моноарфа.

Претседателот Видодо ги најави плановите за преселба на главниот град во 2019 година, но поради пандемијата тој проект беше ставен на чекање.

Во Нусантара ќе биде седиштето на Владата, додека Џакарта, сегашниот главен град со повеќе од 10 милиони жители, ќе остане деловен и економски центар на земјата.

Една од главните причини за преселбата на главниот град е тоа што приближно 40 отсто од Џакарта е под нивото на морето и градот продолжува да тоне.

За масовното избивање на подземни води, експертите ги обвинуваат жителите, многуте деловни згради, трговски центри и апартмани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.