Новиот чешки претседател Петр Павел во интервју за украинската телевизија „Суспилне“ изјави дека „Украина треба да биде подготвена за најлошото, дури и за територијални отстапки“.

Лесно им е на другите да им велат на Украинците да се борат до последната капка крв. Лесно е така, но тоа е ваша, а не наша крв – изјави Павел.

Поранешниот генерал на НАТО рече дека огромното мнозинство западни лидери се прилично оптимисти за перспективите на Украина во војната против Русија. Но тој исто така предупреди дека треба да се биде подготвен за најлошите сценарија.

Бев донекаде изненаден од силата на отпорот што Украинците му го пружија на агресорот. Прво, навистина не верував дека Русија може да нападне бидејќи сите анализи укажуваа дека тоа нема да биде во нејзин национален интерес.

Тоа е најлошата можна одлука на претседателот Путин од тој аспект, но очигледно тој мислел поинаку. Веројатно очекувал дека украинската страна нема да биде толку силна и одлучна и дека Западот нема да биде обединет во одговорот. Тој секако мислеше дека руската армија е најдобрата и најдобро опремената во светот“, рече Павел, додавајќи дека не ја разбира руската одлука да се почне инвазија.

На прашањето дали Западот ќе ја поддржува Украина колку што е потребно, иако војната може да трае долго, Павел вели дека треба да се надеваме на најдоброто, но и да се биде подготвен за најлошото.

На крај тој накратко се осврна на мировниот план на претседателот Зеленски, кој предвидува враќање на сите окупирани територии, вклучувајќи го и Крим, целосно руско повлекување и исплата на целосна воена репарација.

Претседателот Зеленски нема друг избор. Можете ли да замислите некој лидер на земја што е нападната да рече: ‘Во ред, прифаќаме губење територија’? Природно е што претседателот Зеленски си постави цел да ја ослободи целата територија. Тоа е сосема нормално. Но, секако, во моментот кога за реалноста ќе се покаже дека е поинаква од она што ние би сакале, во тој момент може да се направат одредени приспособувања. Но за тоа одлучуваат Украинците и вашиот лидер, а не ние, заклучи поранешниот генерал на НАТО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.