Израел објави видео на кое се гледа дека ракетата врз болницата во Газа е истрелана од северниот дел на Газа, по што уследила голема експлозија.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) заедно со видеото напишаа дека во 18 часот и 59 минути експлодирала ракета истрелана од Газа кон Израел, а во исто време била погодена и болницата.
ИДФ објави и снимки од беспилотни летала кои ја покажуваат ситуацијата пред и откако неуспешната ракета на Исламскиот џихад погоди паркинг на болницата во Газа.
Дописникот на весникот „Тајмс оф Израел“ објави видео на X (Твитер) и напиша дека експлозијата очигледно била предизвикана од погрешно истрелан проектил.
A failed rocket launch by the Islamic Jihad terrorist organization hit the Al Ahli hospital in Gaza City.
IAF footage from the area around the hospital before and after the failed rocket launch by the Islamic Jihad terrorist organization: pic.twitter.com/AvCAkQULAf
— Israel Defense Forces (@IDF) October 18, 2023
Можете да го видите појдовниот ракетен оган. Ракетата е пресретната во воздухот и се распаѓа во шрапнели. После тоа се гледаат две експлозии: една помала и голема на болницата, стои во описот на едно видео објавено на социјалните мрежи.
Повеќе од 500 луѓе загинаа во нападот на баптистичката болница во Газа, додека стотици други се под урнатините, соопшти портпаролот на палестинското министерство за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.