Рускиот политичар, Алексеј Навални, во објава на социјалните мрежи изјави дека бил информиран оти против него се покренати нови обвиненија.
Во коментарите објавени преку неговите соработници, Навални вели дека сега е обвинет според член 214 од рускиот кривичен законик, кој опфаќа вандалски дела.
Немам поим што е член 214 и нема начин како да дознаам. Вие ќе знаете пред јас да дознаам. ие покренуваат нови обвиненија против мене на секои три месеци. Ретко е затвореник кој е во самица повеќе од една година, да води толку динамичен социјален и политички живот, напиша Навални на својот профил на Телеграм.
Навални (47) веќе отслужува казни од вкупно 30 години во казнена колонија поради обвиненија за екстремизам.
Политичкото движење на Навални е забрането, а клучните фигури беа затворени или избегаа во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.