Неколку експлозии одекнаа во раните утрински часови во Киев.

Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател, соопшти дека нападот го извршиле беспилотни летала камикази.

Три експлозии биле регистрирани меѓу 6:35 и 6:58 часот по локално време. Сирените сигнализирале за воздушен напад непосредно пред првата експлозија.

Минатиот понеделник, на 10 октомври, Русите силно го бомбардираа Киев и други украински градови. Еден ден подоцна, Русите продолжија со воздушните напади, но со помала жестокост, а нивна главна цел беа енергетски постројки на западот на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.