Велика Британија најави 65 нови санкции за руски компании и олигарси. Покрај Вагнер групата, платениците кои рускиот претседател, Владимир Путин, наводно, ги ангажирал за да го убијат неговиот украински колега, Володимир Зеленски, меѓу нив е и државната компанија Руски железници, јави Би-Би-Си.
Досега, Британија воведе санкции против над 1.000 руски правни и приватни лица.
Меѓу новите компании, воведени се и санкции против Алфа Банк и Газпромбанк. На листата за санкции се најдоа и шефот на управниот одбор на Сбербанк и поќерката на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Според Би-Би-Си, меѓу санкционираните е градоначалничката на украинскиот град Мелитопол, Галина Данилченко, која е поставена на позицијата од страна на Русија. Како што нагласува медиумот, според британската Влада, ова е првпат Велика Британија да санкционира лице, за соработка со руските сили, кое се наоѓа во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.