Авионoт на Доналд Трамп, поранешен претседател и кандидат за претседател на републиканците, бил пренасочен и непланирано слетал во Билингс, Монтана.

Според аеродромот во Билингс, авионот таму слетал поради механички проблем. Трамп потоа се качил на приватен авион и одлетал во Бозман, каде доцна синоќа одржа митинг.

Тајната служба мораше да изврши целосна проверка на аеродромот пред авионот да слета. Приватниот авион летал до аеродромот во Вест Јелоустоун и слетал околу 16:00 часот локално време.

Митингот на Трамп се одржа во објект во кампусот на Универзитетот на државата Монтана во Бозман.

Пред да дојде таму, Трамп го поддржа кандидатот за сенатор од Монтана, Тим Шихи, кој присуствуваше на настанот. Шихи е републиканец кој го предизвикува актуелниот демократски сенатор Џон Тестер,во една од најжестоките и најскапите изборни трки за Сенатот во 2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.