Силна експлозија одекнала во центарот на Картум, како резултат на воздушно бомбардирање на позициите на Силите за брза реакција во близина на аеродромот во главниот град на Судан.

Суданските вооружени сили нападнале цели на бунтовниците во близина на зградата на централната команда и претседателската палата. Како резултат на нападот, кренато е во воздух складиште за гориво, што се наоѓало во непосредна близина на магацин за муниција.

Како одговор на таквиот напад, бунтовничките сили стационирани во Северен Картум почнале ракетни бомбардирања на инсталации на суданската армија во центарот на Омдурман, вториот по населеност град во Судан.

Сепак, и покрај фактот што конфликтот во Судан трае повеќе од еден месец, во поголемиот дел од земјата се враќа мирот. Во моментов, најжешкото место е јужно од Картум, каде што бунтовниците продолжуваат да се борат за клучните инсталации и логистички правци, а неодамна нападнаа камп на вооружените сили на земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.