Сојот ЕГ.5.1, наречен и Ерис, на новиот коронавирус се шири низ светот и веќе е регистриран во 36 земји, објави Џерузалем пост.

Заклучно со 24 јули 2023 година, регистрирани се 2.442 случаи на инфекција со Ерис во 36 земји ширум светот, вклучително и 18 во Израел

Варијантата сега е доминантна во Британија, каде што продолжува да растe бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19, соопштија британските здравствени власти минатата недела.

Според Управата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА), надзорот на варијантата ЕГ.5.1 започна на почетокот на јули, по зголемените извештаи за негово ширење, особено во Азија. Варијантата на новиот коронавирус за првпат е откриена во март годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.