Седум лица се убиени во престрелки на две локации во крајбрежниот град Халф Мун Беј во северна Калифорнија, а делото се чини дека го извршило истото лице, кое било приведено, соопштија локалните власти. Градот Халф Мун Беј се наоѓа на околу 50 километри јужно од Сан Франциско.

Полицајците кои одговорија на повикот на првата локација пронајдоа четири мртви и уште едно рането лице, а потоа пронајдоа уште три мртви лица на втора локација во близина, изјави шерифот Кристина Корпус на прес-конференција.

Двете локации на кои се случија нападите се фарми, а како што објави Сан Франциско хроникл, една од нив е фарма со печурки.

Снимката објавена од АБЦ 7 во Халф Мун Беј го покажува апсењето во кое двајца мажи во цивилна облека и еден во униформа, со пиштоли во рака, му наредуваат на човекот да излезе од автомобилот.

Осомничениот за престрелката излегол И бил соборен на земја. Набрзо на местото на настанот пристигнале уште вооружени полицајци во униформи.

Во автомобилот на осомничениот е пронајдено оружје, соопшти Корпусот.

Новиот напад се случува по само еден ден од масакрот во паркот Монтереј, кога 72-годишен Азијат уби 11 луѓе за време на прославата кинеската Нова Година.

Гувернерот на Калифорнија, објави дека додека бил во болница со жртвите од претходното масовно пукање, соработниците му соопштиле за вториот напад, и истиот го опиша како „трагедија врз трагедија“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.