Норвешката Влада денеска официјално се извини за законот укинат во 1972 година со кој беше криминализиран сексуалниот однос меѓу мажите.

Околу 120 луѓе беа уапсени и притворени помеѓу 1902 и 1950 година, според законот укинат 22 години подоцна, на 21 април 1972 година.

Ден пред 50-годишнината, премиерот Јонас Гар Стоере упати официјално извинување од властите поради законот.

– Преку законите, но и мрежата на санкции, ние како народ и општество ставивме до знаење дека не прифаќаме квир љубов. Владата сака да се извини за тоа, рече лидерот на Лабуристите.

– Овој закон уништи многу животи, рече министерката за култура и еднаквост Анет Третебергстуен, која и самата е хомосексуалка.

Норвешка ја декриминализираше хомосексуалноста во 1972 година и им овозможи на истополовите партнери да имаат животно партнерство во 1993 година, како втора земја во светот што го направи тоа, по Данска.

Хомосексуалните бракови беа законски изедначени со хетеросексуалните во 2009 година.

Извор: МИА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.