Цените на стоките и услугите во Норвешка пораснаа за рекордните 6,3 отсто на годишно ниво, а последен пат кога толку високи стапки биле забележани во нордиската земја во 1980-те години, објави националната телевизија NRK повикувајќи се на државното биро за статистика.

Најголем раст, според статистичарите, е забележан во мај и јуни и изнесувал за дополнителни 0,9 отсто.

Тоа претставува раст без преседан. Слични показатели беа забележани во 1980-те години – изјавил за телевизијата шефот на бирото за статистика, Еспен Кристијансен.

Според него, вкупниот раст го закочува поддршката од енергетската индустрија, без којашто цените би можеле да пораснат за 8,2 отсто.

Истовремено, инфлацијата во Норвешка во мај изнесувала 3,6 отсто, што е исто така рекорден показател по 1995 година. Според статистичкото биро, најголемите поскапувања се забележани во секторите прехранбени производи и електричната енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.