Разузнавачките служби на седум земји од ЕУ предупредиле на постоење ризик од саботажа на норвешките енергетски објекти, објави „Ројтерс“.
Според агенцијата, европските служби предупредиле на закана од саботажа на енергетските капацитети на Норвешка, главниот снабдувач на гас во Европа.
На затворен состанок, претставниците на Норвешка, Германија, Белгија, Холандија, Финска, Шведска и Исланд разговарале за ризиците од шпионажа и саботажа.
На состанокот, Норвешка истакнала оти стравува дека ќе биде цел на диверзантски напад врз критичната нафтена инфраструктура во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.