Норвешка ќе го признае постоењето на палестинска држава од 28 мај, соопшти денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и покрај предупредувањата од израелската влада.

Ние веруваме дека решението со две држави е во најдобар интерес на Израел, рече норвешкиот премиер на специјално свикана прес-конференција.

Тој додаде дека целта е „да се оствари палестинска држава која е политички кохезивна и која произлегува од палестинската самоуправа“.

Се очекува и други европски земји денеска да преземат слична иницијатива.

Ирска и Шпанија денеска и се придружија на Норвешка и соопштија дека „ќе ја признаат државата Палестина“.

Денеска Ирска, Норвешка и Шпанија соопштуваат дека ја признаваат државата Палестина, рече ирскиот премиер Сајмон Харис, поздравувајќи го „историски важен ден за Ирска и Палестина“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека Шпанија ќе ја признае палестинската држава на 28 мај.

Следниот вторник, на 28 мај, Шпанија ќе го усвои признавањето на палестинската држава во Советот на министри, рече Санчез пред шпанските парламентарци.

Тој го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека го загрозува решението за две држави со неговата политика на „болка и уништување“ во Појасот Газа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.