Во Киев рано утринава се слушнале силни експлозии, а ширум земјата се огласиле и сирени за воздушна опасност. Засега нема информации за штети по експлозиите пријавени во Киев, Херсон во јужна Украина, источниот град Харков и Ивано-Франковск на западот од земјата, а украинските медиуми објавија дека има прекини на струја во делови од Киев, пренесува „Ројтерс“.
Сирените кои предупредуваат за воздушни напади се огласиле во сите региони на Украина веднаш по полноќ, а продолжиле да се огласуваат во источните региони Луганск и Запорожје, дури и откако престанале во другите делови, објавија украинските медиуми.
Како што се наведува од медиумите, експлозиите кои се слушнале во регионот на главниот град на Украина, се најсилни откако руските војници се повлекоа од тоа подрачје на почетокот на месецов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.