Нивото на морето во близина на Нов Зеланд во некои делови се зголемува двојно побрзо од очекуваното, што им се заканува на двата најголеми града во државата. Ваквите алармантни сознанија се наведуваат во студија чиишто резултати се резултат на обемната петгодишна истражувачка програма наречена „NZ SeaRise“..
Податоците собрани долж брегот на земјата покажаа дека некои области веќе тонат три до четири милиметри годишно.
Програмата е финансирана од владата и имплементирана од десетици новозеландски и меѓународни научници.
Според експертите, властите имаат помалку време од очекуваното да планираат како да се прилагодат на последиците од климатските промени, особено на преселувањето на жителите кои живеат покрај брегот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.