Романскиот премиер, Марсел Чолаку, во интервју за телевизискиот канал „ДЦ Њуз“ (DC News- изјави дека ја поддржува идејата за припојување на Молдавија. Чолаку изјави дека постоењето на Молдавија е „историска грешка“, а нејзиното припојување е можно и во форматот на европската интеграција и на други начини.

Во романските медиуми неодамна се пишуваше за „другите начини“. Така на 3 април, Министерството за одбрана на Романија на јавна расправа поднесе предлог-закон со кој ќе им се овозможи на претседателот и премиерот, без согласност на парламентот, да носат одлуки за „употреба на вооружени сили во странство за заштита на своите граѓани од хибридни закани“.

Хибридната закана најверојатно се однесува на Придњестровје, република во Молдавија, која не е призната од меѓународна заедница, а која има блиски врски со Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.