Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во предизборните анкети тој води пред другите претседателски кандидати, како и оти коалицијата околу неговата Партија на правдата и развојот (АКП) исто така има поголем рејтинг од другите партии.
Според него објавените предизборни анкети не кореспондираат со резултатите кои Ердоган и АКП ги добиле за рејтингот пред изборите.
Ние отсекогаш сме победувале на изборите. Внимателно ја следиме активноста на анкетните агенции, кои си ја вршат работата како што треба. Според извештаите што ги добиваме, водиме со јасно водство и во однос на претседателската функција и како Републиканската алијанса во Парламентот, посочи Ердоган
Голем број агенции неодамна објавија резултати од анкети, кои покажуваат предност на опозицискиот претседателски кандидат Кемал Кулчдароглу.
Претседателските избори во Турција се закажани на 14 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.