Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека никој не знае колку долго ќе трае војната во земјата.
Во своето секојдневно обраќање Зеленски рече дека украинските сили пркосат на очекувањата, спречувајќи ги руските војници да ја „прегазат“ источна Украина, каде борбите беа најжестоки со недели.
Тој изјави дека е горд бидејќи украинските војници успеале да го спречат рускиот напредок во регионот на Донбас.
Се сеќавате ли како во Русија на почетокот на мај се надеваа дека ќе го окупираат целиот Донбас? Веќе е 108-от ден од војната, веќе е јуни. Донбас се држи, рече украинскиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.