Незадоволството на германските гласачи од владејачката коалиција достигна рекордно високо ниво, покажува денеска објавеното истражување на националната телевизија ЗДФ, откако сите коалициски партии постигнаа лоши резултати на европските избори.

Од 1.334 учесници во истражувањето спроведено на 10 и 12 јуни, 71 отсто се изјасниле дека се незадоволни од работата на владата, наспроти 66 отсто кои биле анкетирани во мај, пренесува Ројтерс.

Околу 51 отсто се изјасниле дека се „за“ предвремени избори, додека 66 отсто се уште сметаат дека коалицијата ќе трае до крајот на мандатот следната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.