Во рамки на својата официјална посета на Молдавија во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари средба со специјалниот претставник за родови прашања Лилијана Палихович, со која разговараше и за промоција на жените, мирот и безбедноста, како еден од приоритетите на Претседателството со ОБСЕ, како и со граѓанските организации кои имаат клучна улога во промоција на дијалогот и градењето на довербата.
Оваа средба, наведуваат од МНР, доаѓа како резултат на клучните приоритети на претседавањето со ОБСЕ на Македонија, а тоа е фокусот на луѓето, подобрување на нивниот живот и подобрување на човековата безбедност во нашиот регион.
– Затоа ми беше важно лично да се сретнам со граѓански организации за време на мојата посета. Ситуацијата во Молдавија е високо на агендата на ОБСЕ и ние сме решени да продолжиме со нашата поддршка преку работата на мисијата и пошироките програмски активности, рече Османи.
Тој, како што посочуваат од МНР, истакна дека имал продуктивен состанок со граѓанските организации од двете страни на реката во Кишињев и дека нивната меѓусебна соработка е клучна во процесот на обезбедување траен мир и стабилност во Молдавија.
– Токму овој вид на конструктивен и инклузивен пристап е потребен за да се изгради доверба и да се поттикне мирот“, порача Османи, додавајќи дека е од исклучителна важност граѓанските организации да останат вклучени во сите процеси.
Осврнувајќи се на силниот фокус на луѓето на терен кои се крајни корисници на активностите на ОБСЕ, тој порачал дека Македонија ќе ја зајакне теренската работа на ОБСЕ, особено земајќи предвид дека Молдавија се соочува со специфични предизвици, кои се влошени со тековната војна против соседна Украина.
– Вие заслужувате признание за начините на кои молдавскиот народ обезбеди помош, засолниште и поддршка на десетици илјади бегалци кои бегаат од војната против Украина, рече Османи.
Тој зборуваше и за процесот на решавање на прашањето со Транснистрија, осврнувајќи се на клучната улога на ОБСЕ во решавање на оваа ситуација.
– Ја цениме важноста на ангажманот во тематските работни групи за надминување на овој спор. Ова се исклучително важни платформи за дијалог, а во рамки на Претседателството ние ќе ги фокусираме своите напори во поддршката на сите актери за продолжување на овој дијалог и изнаоѓање решенија во корист на луѓето кои живеат од двете страни на брегот, потенцира Османи.
Претседавачот, на крајот, ја истакна и важноста за промоција на улогата на жените во текот на процесите на донесување одлуки за мир и безбедност, барајќи ја поддршката на граѓанскиот сектор во застапувањето на оваа порака
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.