Во градот Ница на југот на Франција, откриени се 40 овци во социјален стан кој требало да биде празен. Животните биле набиени во стан од 50 квадратни метри обложен со слама, објави во вторникот телевизијата Франс 3. Уапсени се двајца мажи кои носеле маици обоени со крв.

Властите се сомневаат дека овците требало незаконски да бидат заклани пред Курбан Бајрам, муслиманскиот празник на жртвувањето. Полицијата пронашла веќе заклана овца во станот, изјави општинскиот функционер Ентони Боре. Останатите овци беа предадени на одгледувач.

Со цел да се спречи незаконско користење на празен стан, здружението за домување постави специјално обезбедена врата. Службениците на крим-одредот наишле на овците во неделата за време на операција во станбена зграда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.