Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, утре попладне ќе биде пуштен од болница по операцијата на хернија.

Соопштението на неговиот кабинет се повикува на лекарите кои го лекуваат Нетанјаху.

Премиерот се чувствува многу добро и продолжува да ги извршува секојдневните обврски од болницата“, се вели во соопштението.

Претходно, медицинскиот центар „Хадаса“ во Ерусалим соопшти дека Нетанјаху бил свесен и разговарал со своето семејство по успешната операција и дека се опоравува. Нема информации за тоа колку долго може да потрае опоравувањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.