Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел има три предуслови за воспоставување мир со Палестинците во Појасот Газа.
Хамас мора да биде уништен, Газа мора да се демилитаризира и палестинското општество мора да се дерадикализира, напиша Нетанјаху во авторски текст за Волстрит Џурнал (Wall Street Journal).
Тој посочи дека САД, Велика Британија, Франција, Германија „и многу други земји ја поддржуваат намерата на Израел да ја уништи терористичката група“.
За да се постигне таа цел, нејзините воени капацитети мора да се уништат и да се стави крај на нејзината политичка моќ над Газа, напиша Нетанјаху.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.