Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел го менува балансот на силите на северот и дека има „должност“ да му возврати на Иран и дека тоа ќе го направи, пренесе „Тајмс оф Израел“

Нетанјаху беше дециден дека Израел ќе удри врз Иран по нападот од вторникот со над 180 балистички ракети, што Иранците го изведоа како одговор на израелските убиства на лидерите на Хамас и Хезболах, како и агресијата врз Либан.

Иран двапати истрела стотици проектили на нашата територија и нашите градови – напади со балистички ракети се едни од најголемите во историјата. Израел има должност и право да се брани и да одговори на овие напади и ние ќе го сториме тоа, рече Нетанјаху во видео изјава.

Тој додаде дека израелската армија уништила голем дел од ракетните резерви на Хезболах, а сега ги уништува и тунелите на Хезболах во близина на границата со Израел.

Израелскиот премиер рече и дека иако армијата сè уште не ги отстранила заканите, „јасно е дека текот на војната е променет“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.