Израелските медиуми јавуваат дека осум дена откако министерот Бени Ганц поднесе оставка од владата, премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека воениот кабинет е распуштен.
Нетанјаху синоќа пред безбедносниот кабинет изјави дека воениот кабинет – мал форум создаден на 11 октомври за управување со кампањите против Хамас и Хезболах – официјално е распуштен, пишува The Times of Israel.
Претседателот на Партијата за национално единство Ганц, еден од тројцата членови на кабинетот, минатата недела изјави дека поднесува оставка и ја напушта коалицијата откако Нетанјаху не го исполнил неговото барање да претстави јасна стратегија за Појасот Газа по крајот на војната, земајќи го со себе Гади Ајзенкот, еден од тројцата набљудувачи на воената влада.
Распуштањето на владата се очекуваше, пишува израелскиот весник, бидејќи екстремно десничарскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир лобираше да биде додаден во воениот кабинет.
Се очекува Нетанјаху да донесе критични одлуки за војната за време на мали „ад хок“ состаноци без Бен Гвир, додека бара конечно одобрение од поширокиот безбедносен кабинет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.