Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за „Еј-Би-Си Њуз“ изјави дека израелската армија ќе обезбеди „безбеден премин за цивилното население“ пред очекуваниот напад врз Рафа, најјужниот град на Појасот Газа, отфрлајќи ги стравувањата за хуманитарна катастрофа.
И покрај меѓународната тревога поради потенцијалниот масакр во градот каде се наоѓаат повеќе од еден милион раселени Палестинци, Нетанјаху вели дека офанзивата е клучна за нанесување пораз на Хамас.
Победата е на дофат на раце. Ќе го направиме тоа. Ќе ги победиме преостанатите терористички баталјони на Хамас во Рафа, кој е последниот бастион. Ќе го направиме тоа, вели Нетанјаху.
Како што нагласи тој, на цивилното население ќе му било обезбедено безбеден премин за да може да си замине. Нетанјаху призна дека се согласува оти операцијата прво ќе треба да го планира влијанието врз цивилите.
Ќе го направиме тоа додека обезбедуваме безбеден премин за цивилното население за да може да си замине, вели Нетанјаху.
Нејасно е каде може да оди толку голем број луѓе, кои се притиснати на границата со Египет и се засолнуваат во импровизирани шатори. Прашан за тоа, Нетанјаху само кажа дека „разработуваат детален план“.
Со константното напредување на израелските сили кон југ, Рафа стана последниот голем град во Газа во кој израелски војници допрва треба да влезат, иако речиси секојдневно е бомбардиран од воздух.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.