На социјалните мрежи се појави видеоснимка на која се гледа несекојдневна воздушна битка меѓу украинскиот ловец „МиГ-29“ со дрон-камиказа „шехид-136“. Тоа што е карактеристично за оваа случка е што беспилотно летало, вредно неколку десетици илјади евра, стана симболичен победник.

Според информациите од социјалните мрежи, кои подоцна ги потврди и Командата на украинските воздухопловни сили, оваа воздушна битка се случува на небото над Виница. Како што соопштија д украинското воздухопловство, ловецот МиГ-29 бил подигнат за пресретнување крстосувачки ракети и беспилотни летала камикази.

На видеото се гледа како ловец МиГ-29 лансира ракета Р-73 воздух-воздух кон дронот- камиказа. Руски извори не наведуваат дали дронот бил соборен или не, додека Украинците објавија подетална информација за инцидентот, наведувајќи дека авионот „МиГ-29“ се урнал, а пилотот се катапултирал.

На 12 октомври околу 21:00 часот во близина на Виница се случила борба на една од тактичките воздухопловни бригади на воздухопловството. Пилотот успешно се катапултирал и се чувствува добро. На денешен ден, пилотот веќе уништи пет „Шахид“: три – на југот на Украина и два – над Виница, а ден претходно, при масовното ракетирање беа соборени две крстосувачки ракети на напаѓачите. Од технички причини пилотот почнал да ја губи контролата над леталото, но се катапултирал. Причините за падот се утврдуваат – соопшти командата на украинските воздухопловни сили.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.