Полицијата во швајцарскиот пограничен град Лозана приведе седум лица откако млади луѓе предизвикаа нереди и кршеа излози по примерот на немирите во Франција, јави Швајцарската телеграфска агенција (СДА).
Полицијата соопшти дека доцна синоќа повеќе од 100 млади се собрале во градот на Женевското Езеро. Тие протестирале како поддршка на насилните демонстрации во Франција по смртта на 17-годишно момче во вторникот за време на полициска контрола покрај патот.
Меѓу приведените од швајцарската полиција има шест малолетници на возраст од 15 до 17 години, како и еден 24-годишник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.