Рускиот претседател Владимир Путин доби необичен подарок за својот 70-ти роденден од лидерот на братска Белорусија Александар Лукашенко: трактор.

Белорускиот претседател му врачил сертификат за возилото на славеникот на средба на лидерите на неколку поранешни советски држави во Константиновата палата во Санкт Петербург.

Тракторите се гордост на белоруската индустрија уште од советско време.

За подарокот информира Канцеларијата на белорускиот претседател, кој и самиот користел сличен модел во својата градина. Рускиот претседател не го коментира подарокот.

На почетокот на средбата пред новинарите Путин зборуваше за потребата да се разговара за начините за решавање на конфликтите меѓу поранешните советски држави. Тој ја нагласи и потребата од размена на информации за борба против тероризмот, нелегалната дрога и другиот криминал, пренесуваат свтските агенции.

Лидерите на Заедницата на независни држави, лабава алијанса на поранешните советски републики, имаат уште еден собир на кој ќе присуствуваат следната недела во главниот град на Казахстан, Астана. (АП)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.