Поради проблемите со новонаселените стотици луѓе од Бугарија и Романија, во германскиот град Хорн-Бад Мајнберг се одржаа демонстрации и контрадемонстрации, при што имаше и манифестации на насилство.

Една мала екстремно десничарска партија повика на тивок протест,. Околу 200 граѓани протестираа против нив, скандирајќи „Нацистите надвор!“. За време на судирите, полицијата употреби палки и топол спреј, едно лице е повредено, а екстремно десничарски активист е привремено приведен.

Хулиганство, ѓубре, криминал

Хорн-Бад Мајнберг има население од 17.000 жители и се наоѓа во најнаселената германска покраина Северна Рајна-Вестфалија. Локалниот претставник во покраинскиот парламент, Денис Мелцер, неодамна испрати писмо до премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, во кое се вели Граѓаните се повеќе се жалат на проблеми со нивната интеграција, загадување на јавните места, прекршување на обврската да ги праќаат децата на училиште, кражби, агресија и отворена проституција“, пишува dir.bg.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.