Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров, кој се смета за близок сојузник на Путин, изјави дека нема да има мобилизација во Чеченија.
Тој во гостување во телевизиско шоу рече дека Чеченија „веќе го надминала планот за 254 проценти“.
Тој план во Чеченската Република беше преполнет за 254 отсто. Таквите показатели беа постигнати порано со формирањето на нови единици на Министерството за одбрана на Руската Федерација. Сите кандидати за служба поминале низ Воениот комесаријат. Овој механизам го разработивме од самиот почеток, уште пред најавата за делумна мобилизација, рече Кадиров.
Тој рече дека во Украина досега војувале 20.000 Чеченци и оти Чеченија ги исполнила сите планови и повеќе од тоа што планирала.
Покрај тоа, Чеченија има резерва од илјадници доброволци кои, доколку е потребно, ќе можат да се вклучат во редовите на бранителите на татковината, рече тој.
Пред два дена во Грозни, главниот град на Чеченија се одржа мал протест против мобилизацијата. Кадиров им се закани на сите што ќе протестираат. Но, тој додаде дека чеченските мајки и сопруги можат да останат мирни затоа што нема да има мобилизација на членовите на нивните семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.