Канцеларот на Австрија, Карл Нехамер, рече дека членството во НАТО не доаѓа предвид за неговата земја, додавајќи дека земјата била, е и ќе остане неутрална.

Според него, за Австрија не се поставува прашањето за членство во НАТО, бидејќи, вели, има сосема поинаква историја од Шведска и Финска.

Нехамер потсети дека двете земји се прогласиле за неврзани и имаат заедничка граница со Русија.

Затоа постои разбирање дека тие сакаат да се приклучат на воената алијанса, но за Австрија тоа не доаѓа предвид – рече Нехамер.

Тој рече дека Австрија е во целосна солидарност со Украина во рамките на Европската Унија, пренесуваат медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.