Негативните ефекти од руската инвазија на Украина ширум светот се влошуваат, погодувајќи 1,6 милијарди луѓе. Тоа денеска го изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, презентирајќи го вториот извештај на ОН за последиците и одговорот на руската инвазија врз Украина.
Влијанието на војната врз безбедноста на храната, енергијата и финансиите е систематско и сериозно и се забрзува…За светското население, војната се заканува да предизвика невиден бран на глад и беда, предизвикувајќи и социјален и и економскиот хаос – додаде Гутереш.
Според него, следната година може да се појави прашањето за недостиг од храна.
Има само еден начин да се запре оваа бура што се подготвува. Руската инвазија на Украина мора да престане, рече Гутереш, мислејќи на тековните преговори за глобален договор што ќе овозможи сигурен извоз на храна произведена во Украина преку Црното Море и непречен пристап до светските пазари за руска храна и ѓубрива.
Овој договор е од суштинско значење за стотици милиони луѓе во земјите во развој, вклучително и субсахарска Африка, рече Гутереш, одбивајќи да навлегува во повеќе детали за разговорите предводени од ОН, кои се во тек веќе неколку недели.
Според вториот извештај на ОН, 94 земји, со околу 1,6 милијарди луѓе, се сериозно изложени на барем една димензија на кризата – финансиска, прехранбена или енергетска – и не можат да се справат.
Од тие 1,6 милијарди, 1,2 милијарди или три четвртини живеат во земји кои се сериозно изложени и ранливи на сите три димензии на кризата, се вели во документот.
Во иднина, ниту една земја или заедница нема да биде поштедена од оваа криза на трошоците за живот, се додава во извештајот.
Се вели дека војната би можела да го зголеми бројот на луѓе во несигурност за храна од 47 милиони во 2022 година на 323 милиони до крајот на годината.
Дополнителни 58 милиони Африканци би можеле да паднат во сиромаштија оваа година, се вели во документот, додавајќи дека екстремната сиромаштија на Блискиот Исток и Северна Африка може да влијае на уште 2,8 милиони во 2022 година. Во Јужна Азија, 500 милиони се сериозно изложени на храна и финансиската димензија на кризата, ситуација влошена од силните топлотни бранови кои ги погодија земјоделските култури во областа, се вели во текстот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.