Руската амбасада во Унгарија денеска соопшти дека коментарите на американскиот амбасадор во Будимпешта, Дејвид Пресман, за претседателот на Русија, Владимир Путин се неприфатливи и безобразни.

„Во својот јавен настап на 6 јануари, американскиот амбасадор во Унгарија, Пресман, упати неприфатливи забелешки за претседателот на Руската Федерација“, се вели во коментарот на амбасадата објавен денеска на каналот Телеграм, а пренесе ТАСС.

Во соопштението на руската амбасада во Будимпешта се нагласува и дека коментарите на американски функционер чии овластувања се ограничени на сферата на билатералните унгарско-американски односи за личноста на шеф на странска држава се безобразно кршење на основниот дипломатски протокол и пракса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.