Германската државна развојна банка KfW го идентификува постојаниот недостиг на квалификувани работници и падот на продуктивноста на трудот како сериозна закана за просперитетот на Германија, јави ДПА.

Нивото на благосостојба во Германија практично се зголеми во изминатите 70 години, но доаѓа крајот на овие времиња, бидејќи основата за нејзиниот понатамошен раст пропаѓа, е заклучокот на KFW, врз основа на студија цитирана од „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Комбинацијата на долгорочен пад на бројот на вработени на домашниот пазар на труд и слаб раст на продуктивноста претставува единствен предизвик со кој се соочуваме за прв пат во повоениот период, нагласува главниот економист на Банката, Фрици Келер-Габе.

Во извештајот се наведува дека за да не се оствари мрачната прогноза, германскиот пазар на труд мора да се стимулира со имиграција и со дополнителни мерки.

Дополнително, мора да се зголеми продуктивноста на трудот, на пример со намалување на бирократијата и со промовирање на иновациите, заклучија експертите на KFW.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.