Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, на седницата на Советот за безбедност на ОН за хуманитарната ситуација во Украина, предупреди дека едностраните санкции што Западот ги воведе кон Русија доведуваат до светска економска криза од историски размери.
Вистинските причини, кои на светскиот пазар на храна му се закануваат со сериозни турбуленции, не се поврзани со постапките на Русија, туку со нескротливата хистерија со санкции што Западот ја покрена против Русија, неразмислувајќи за населението на таканаречениот глобален Запад или неговите граѓани. Економски, финансиски и логистички се изолира од воспоставените долгорочни канали на соработка и веќе се претвора во економска криза од историски размери – истакна Небензја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.