Израел утринава извршил ракетни напади врз меѓународните аеродроми во Дамаск и Алепо во Сирија. Како што јавија сириските државни медиуми, по нападот сообраќајот на аеродромите е оневозможен.
Во нападот загинал еден цивилен работник.
Околу 05:25 часот, израелскиот непријател изврши воздушен напад врз меѓународните аеродроми во Дамаск и Алепо, при што загина еден вработен на аеродромот во Дамаск, а друг е ранет“, информира сириски воен извор, цитиран од официјалната сириска новинска агенција САНА.
Истиот извор додал дека материјалната штета на аеродромските писти ги ставила надвор од употреба.
Сириското министерство за транспорт соопшти дека редовните летови до и од аеродромите во Дамаск и Алепо се пренасочени кон меѓународниот аеродром во Латакија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.