Имено, токму од таа земја пред речиси три години започна епидемијата на коронавирус, која се уште не е ставена под контрола, а кинеските власти сè уште се меѓу најригорозните за тоа, па не е невообичаено да стават десетици милиони граѓани во карантин.
Според Си-Ен-Ен, Ву Зунју, главен епидемиолог во кинескиот Центр за контрола и превенција на болести, напишал вчера на кинеската платформа Веибо слична на Твитер, дека ограничувањата на земјата поради „Ковид-19“ и строгите гранични контроли досега го спречиле ширењето на мајмуните сипаници – но еден случајот сепак ја пробил бариерата.
Пациентот бил откриен во југозападната општина Чонгкинг. Тој дошол од странство и бил во задолжителен карантин поради Ковид кога било откриено дека е заразен со мајмунски сипаници. Сепак, властите не соопштија дали се работи за Кинез или за странец.
Случаите на мајмунски сипаници, кои предизвикуваат симптоми слични на грип и лезии слични на плускавци, почнаа да се појавуваат низ светот во мај. Соединетите Американски Држави пријавиле 23.500 случаи досега оваа година, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести.
По првиот потврден случај, Ву јасно стави до знаење дека е неопходно и важно да се зајакне мониторингот и превенцијата од мајмунски сипаници, објаснувајќи дека ризикот од ширење на болеста е најголем при меѓународно патување и близок контакт.
Препораката да не се стапува во контакт со странци предизвика поделени мислења кај населението.
Имено, некои го пофалија неговиот совет како разумен, некои изразија олеснување што немаат контакт со странци. Некои ја критикуваа оваа препорака бидејќи ја сметаат за штетна и дискриминаторска.
Тие се присетиле на почетоците на епидемијата на коронавирус кога некои луѓе во странство го избегнувале секој Кинез што го виделе поради страв од инфекција.
Со оглед на фрустрациите предизвикани од честите затворања и ригорозните мерки поради коронавирусот, поради кои дел од населението не се согласува со одлуките на властите, еден дел се прашува, имајќи ги предвид упатствата на епидемиологот Ву, дали сè уште може да му се верува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.