Американските научници откриле знаци на нов сој на коронавирус во отпадните води во Њујорк.

Вирологот Џон Денехај и неговиот тим изјавија дека пронашле фрагменти од вирусот, што покажуваат поинаква мутација.

Оваа структура на вирусот досега не е видена во целиот свет“, рече Денехај.

Според него, можно е вирусот да се подготвува да го „измами“ имунитетот на нов начин.

Откривме мутација што развила отпорност на антитела и одредени вакцини“, изјави микробиологот Моника Трухило.

Како што додаваат, оваа нова мутација од вирусот се пренесува од нов извор, а не од човек. Досега научниците не го нашле изворот на мутацијата, но претпоставуваат дека се работи за стаорци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.