НАТО ја гради најголемата воена база во Европа во близина на Украина. Станува збор за изградба на база во Романија. Проектот вреден 2,5 милијарди евра вклучува писти, магацини за оружје и муниција, хангари за воени авиони, како и училишта, градинки, продавници, па дури и болница.

Објектот се гради на површина од речиси три илјади хектари во областа Констанца врз основа на веќе постоечката воздухопловна база на НАТО „Михаил Когалничеану“. Базата ќе зафаќа приближно 2.800 хектари со вкупна површина од 30 километри и ќе обезбеди постојано сместување за најмногу 10.000 војници на Алијансата и нивните семејства.

Базата ќе стане постојана воена структура на НАТО во непосредна близина на Украина и долж границата со Молдавија, која САД, исто така, сакаат да ја претворат во „разбивачки овен“ против Русија.

Покрај можностите на 57-та воздухопловна база, тие се распоредени во нашиот регион и ние сме подготвени, но ја дизајнираме и потребната инфраструктура за да може да биде домаќин и поддршка на копнени средства, специјални операции или кој било друг вид воена способност“, изјави командантот воздухопловната база, Николае Крезу.

Базата ќе биде целосно оперативна во 2040 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.