Северноатлантската алијанса го обвини претседателот на Русија, Владимир Путин дека се обидува да ги тероризира цивилите и да ги заплаши сојузниците на Украина.
Путин вчера изјави дека Русија изврши ракетен напад со нов проектил со среден дострел врз украинска воена локација како одговор на украинските напади во изминатите денови со западно оружје со голем дострел. Тој истакна дека Москва „има право“ да ги нападне западните земји кои го снабдувале Киев со оружје против цели во Русија.
Портпаролот на НАТО, Фарах Дахлалах изјави дека тоа нема да го промени текот на конфликтот или да ги одврати сојузниците на НАТО да ја поддржат Украина.
Додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски наведе дека нападот врз Дњепар е „уште еден доказ дека не е заинтересирана за мир.
Русија треба да биде принудена на вистински мир, кој може да се постигне само со сила, посочи Зеленски.
Неименувани дипломати денеска најавија дека претставници на НАТО и на Украина следната недела во Брисел ќе разговараат за руското лансирање на експериментална хиперсонична ракета со среден дострел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.