Официјални претставници на НАТО соопштуваат дека во текот на 2023 година, руски воени авиони повеќе од 300 пати ги пресретнале воздушните сили на НАТО, пренесува „Ројтерс“.

Огромното мнозинство од воздушните „средби“ меѓу НАТО и руските авиони беа безбедни и професионални. Нарушувањата на воздушниот простор на НАТО беа ретки и главно краткотрајни“, се вели во информацијата од НАТО

„Ројтерс“ додава дека повеќето од пресретнувањата се случиле над Балтичкото Море.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.