НАТО денеска ја повика Русија што поскоро да го обнови учеството во договорот кој со посредство на ОН овозможи извоз на жито од Украина преку Црното Море.

„Ја повикуваме Русија да ја преиспита својата одлука и итно да го обнови своето учество во договорот за да дозволи храната да стигне до оние на кои им е најпотребна“, рече портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, а пренесе Ројтерс.

Русија вчера објави дека го прекинува учеството во договорот за жито по нападот во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и трговските бродови кои беа ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.