НАТО го развива првиот план од големи размери по завршувањето на Студената војна, во кој се разгледуваат поптребните акции во случај на конфликт со Русија, објави „Ројтерс“.

На самитот во главниот град на Литванија, Вилнус, што ќе се одржи на 11 до 12 јули, се планира да се одобри документ на „илјада страници“. Се подготвуваат и препораки за членките на блокот за модернизација, логистика и распоредување војници.

Мораме да бидеме подготвени за фактот дека конфликтот може да избие во секој момент“, вели шефот на воениот комитет на алијансата, Роб Бауер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.