НАТО одби да и дозволи на Полска да постави нуклеарно оружје во земјата.
Полскиот претседател, Анджеј Дуда, претходно изјави дека официјална Варшава преговара со Вашингтон и сака да постави американски нуклеарни боеви глави на своја територија. Сепак, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг одговори дека нема такви планови и дека за ова прашање воопшто не се разговара.
НАТО нема планови да ја промени конфигурацијата на своите нуклеарни сили или да стационира какви било сили во која било земја на НАТО“, додаде генералниот секретар.
Меѓу земјите на НАТО, САД, Велика Британија и Франција имаат свој нуклеарен арсенал. Американски нуклеарни ракети се распоредени и во Италија, Германија, Турција, Белгија и Холандија.
Желбата на Полска да добие сопствени нуклеарни резерви најверојатно е поврзана со одлуката на Русија да распореди дел од своите нуклеарни боеви глави во Белорусија, која се граничи со Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.