НАТО денеска ќе им каже на своите воени команданти да подготват нови планови за заштита од Русија откако земјата започна инвазија на Украина.

Таквите планови ќе вклучуваат повеќе војници и ракетна одбрана во Источна Европа, објави Ројтерс.

Целта на новите планови е да се подигне подготвеноста за одвраќање на Русија од каква било агресија против НАТО.

„Треба да го ресетираме нашиот воен став за оваа нова реалност“, рече во вторникот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Денеска се одржува вонреден состанок на министрите за одбрана на НАТО.

„Министрите ќе започнат важна дебата за конкретни мерки за зајакнување на нашата безбедност на долг рок во сите области“, рече Столтенберг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.