Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека на претстојниот дводневен состанок министрите за одбрана ќе разговараат за испраќање авиони во Украина.

Сега се разговара за прашањето за испраќање авиони и очекувам дека ќе се разговара на утрешната средба во Брисел – рече Столтенберг и додаде дека на Украина, како земја под напад од Русија, и е потребна итна поддршка во форма на борбени авиони како и оружје на теренот.

Тој нагласи дека доколку земјите членки на НАТО испратат авион во Украина, тоа не би значело дека НАТО влегол во конфликтот.

Ова е сосема спротивно од тоа што го сметаше минатиот месец. На крајот на јануари тој изјави дека НАТО не е и нема да биде страна во конфликтот во Украина, не испраќа војска или авиони, туку поддржува со оружје.

Ја исклучуваме можноста НАТО да учествува во војната. НАТО не е страна во конфликтот и така ќе остане. Не испраќаме наша војска или авиони во Украина, туку ја поддржуваме со оружје – рече Столтенберг.

Тој додаде дека Украина има право на самоодбрана во согласност со Повелбата на ОН и дека НАТО има право да ја поддржи во заштитата на тоа право.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.